Михтарјан брка историски хет-трик во евро-куповите

Хенрих Мхитарјан од Интер може да стане првиот фудбалер што освоил пехар во сите три клупски натпреварувања на УЕФА доколку неговиот тим триумфира против ПСЖ во финалето во Лигата на шампионите во Минхен.

36-годишниот интернационалец од Ерменија ја освои Лигата на Европа како играч на Манчестер Јунајтед во сезоната 2016/17 и беше во тимот на Рома што ја освои Лигата на конференции во сезоната 2021/22.

Мхитаријан за да го постигне рекордот ќе мора да се појави на теренот против Французите.