Мичел ја напушти Јута и потпиша за Кливленд

Кошаркарот, Донован Мичел, ја напушти екипата на Јута и се пресели во редовите на Кливленд.
„Џезерите“ за тој трансфер ќе добијат дури три играчи на „кавалирс“ и правото да одберат три пика од првата рунда на драфтот.
Бекот во НБА лигата пристигна во 2017 година и стана една од најголемите ѕвезди на Јута. 25-годишниот играч има просек од 24 поени по натпревар.