Мишковиќ блескаше, Пелистер убедливо го надигра Феникс 2010
Во првиот натпревар од шестото коло на Првата македонска кошаркарска лига, Пелистер триумфираше со 110-93 против Феникс 2010.
Своја шутерска вечер имаше Мишковиќ, кој заврши со дабл-дабл учинок од 30 поени и 13 скокови. Антоан дојде до 18 поени, Стојановски, на својот поранешен клуб му испорача 15, Едвардс имаше 13, а Стајиќ уште 10 поени во петтата победа во оваа прва фаза од сезоната.
Кај Феникс 2010 за кој ова е петти пораз сезонава во шест одиграни мечеви, доста добар ефект имаа четири стартери, кои беа со двоен број на поени. Митревски заврши со 18 поени и шест асистенции, Баун даде 16, Тимоти 15, а Марфи уште 14 поени. Пет постигна и Сергеј Петровиќ, синот на тренерот на спротивната страна од теренот, Александар Петровиќ, што е навистина ретко виден момент во македонската клупска кошарка.