Младинците на Еурофарм Пелистер ќе играат во група во Букурешт
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги обелодени деталите за првото издание на младинската Лига на шампионите во ракомет. По првичната идеја три клуба го откажаа своето учество во групната фаза (Алборг, Фредериција, Колштад) и на нивно место повикани се ГОГ Гудме, Војводина и Савехоф.
Eурофарм Пелистер ќе биде дел од групата 4. Чиј органзиатор ќе биде Динамо Букурешт. Покрај нашиот состав во групата ќе бидат и домаќинот Динамо Букурешт, како и Киелце и Висла Плоцк.
Во полуфиналето, Е. Пелистер ќе игра со Киелце, додека Висла Плоцк против Динамо Букурешт.
Само победниците од групите ќе се пласираат на младинскиот завршен турнир во Келн. Групната фаза ќе се одигра на 17 и 19 април 2025 година.