Младиот Антонели ќе го менува Луис Хамилтон во Мерцедес

Формула 1 тимот на Мерцедес веќе одбра кој ќе го замени Хамилтон, а тоа е Андреа Кими Антонели.
.„Следната година ќе се натпреваруваме со Џорџ Расел и Кими Антонели. До оваа одлука дојдовме по долго размислување. Кими е ризик, да. Но, овој ризик вреди“, изјави Тото Волф.
17-годишниот Италијанец моментално е во својата дебитантска сезона во Ф2 и има две победи, една на влажниот спринт во Силверстоун и една на главниот настан во Унгарија.