Младиот Уругваец Мурињо пред потпис со Атлетико Мадрид
Сантијаго Мурињо како што стојат работите ќе биде најновото засилување во одбраната на Атлетико Мадрид.
Станува збор за млад Уругваец роден 2002 година кој настапува за Расинг од Монтевидео, а според информациите преговорите помеѓу двете страни се во завршна фаза. Атлетико нема скапо да плати затоа што неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува пола милион евра.
Интересот на Атлетико за младиот Мурињо го потврди претседателот на клубот, Вашингтон Лизандро.
„Атлетико е најмногу заинтересиран. Беа во игра повеќе заинтересирани клубови, но Атлетико е најблиску“, изјави претседателот на клубот.