Младите надежи на ФК Пелистер и понатаму редат победи

Младинската школа на ФК Пелистер, генерацијата 2007 предводена од тренерот Ѓоко Илијовски продолжува со низата победи. По позитивните резултати во минатиот период и победите против Шкендија, Македонија Ѓорче Петров, Вардар.. сега на гостински терен е совладана и одличната екипа на Академија Пандев со убедлив резултат. „Пелистерци“ успешно ја затресија мрежата на противникот дури четири пати, дозволувајќи да примат само два погодоци. 

Битолчани веќе некое време не знаат за пораз и се убедливи играјќи ја својата препознатлива игра на домашен, но и на гостински терен, како што покажуваат и резултатите.

Спортските обложувалници Евротип и понатаму остануваат верен и активен поддржувач на младинските селекции на ФК Пелистер Битола, со цел одржување на спортскиот дух кај најмладите во градот, како и развивање на фудбалери кои се надеваме во иднина ќе бидат носители на сениорскиот клуб, па можеби и да ја предводат фудбалската репрезентација на Македонија на големите натпреварувања.