Младост победен како на тренинг, пелистерци спремни за големото дерби

Еурофарм Пелистер го пречека тимот на Младост и го совлада со 36-21, победата ја најави уште во првите триесет минути, по кои имаше плус десет и во кои гостите постигнаа само шест погодоци. Имаше домаќинот контрола на резултатот во текот на целата средба, а дека пелистерци ќе дојдат до сигурна победа беше јасно уште по првиот дел, кога резултатот гласеше 16-6.
Кузмановски со седум голови беше најефикасен во редовите на победничката екипа, која веќе во следното коло ќе го игра големото дерби со Вардар на гостински терен.РакометСуперлига 2026/27Осмо коло
Во следното деветто коло Еурофарм Пелистер гостува кај Вардар 1961 во Скопје.