Многу ќе ни недостига Елмас за дуелот против Италија
Македонската фудбалска икона, Горан Пандев, вели дека отсуството на Елмас на утрешниот меч со Италија во баражот за Мундијалот ќе биде голем хендикеп за македонската селекција. Играчот на Наполи ќе мора да го скокне мечот со „аѕурите“ во Палермо поради жолти картони.
„Отсуството на Елмас е предност за Италија бидејќи тој е клучен во играта на Македонија. Доколку играше, навистина ќе беше најголема опасност кон „аѕурите“.Во Италија има многу млади играчи како и дел од тие кои дојдоа до трофејот на Европското првенство. Споредено со ситуацијата пред 20 години, кога дојдов во Италија, техничкото ниво е пониско. Поради тоа, многу повозрасни играчи како мене, Ибрахимовиќ, Киелини или Кваљарела сè уште може да играат многу добро“, изјави Пандев.