Модриќ ги договори личните услови со Милан

Откако синоќа стана јасно дека Милан е многу блиску до потпишување договор со Лука Модриќ денеска доаѓаат информации за текот на преговорите. Според „Газета дело Спорт“, страните се оптимисти за постигнување договор. Условите на договорот би можеле да бидат договорени уште денеска, откако клубот и 39-годишниот играч од средниот ред разговараат за можноста за потпишување на едногодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона. Платата на Хрватот би можела да биде меѓу 3 и 3,5 милиони евра годишно.

„Росонерите“ очекуваат Модриќ веднаш да стане еден од лидерите во соблекувалната, што е и главна причина зошто клубот сака да го донесе на „Сан Сиро“.