Модриќ: Реал е фаворит против Ливерпул

Играчот на Реал Мадрид и капитен на Хрватска, Лука Модриќ изјави дека „Кралскиот клуб“ е фаворит на дуелот со Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Првиот натпревар помеѓу овие два европски фудбалски гиганти се игра во вторник, а домаќин е Ливерпул на „Енфилд“.

„Изненаден сум што Ливерпул се наоѓа на осмото место во Премиер лигата, но убеден сум дека екипата ќе ја подигне својата форма. Се надевам дека тоа нема да се случи на натпреварот против нас. Штета е што играме еден против друг веќе во осминафиналето од турнирот. Мислам дека сме фаворити, и ми е драго што реваншот ќе го играме во Мадрид“, изјави Модриќ.