Модриќ: Сега полесно се дише

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ, после победата над Канада изјави дека сега полесно се дише.

Хрватска оствари победа над Канада со 4:1, во натпревар од второто коло во групата Ф на СП во Катар.

„Беше одличен натпревар за нас. Првите неколку минути лошо влеговме во дуелот, но потоа покажавме квалитет и карактер. Направивме се она за што се договаравме, и она што го трениравме го пренесовме на теренот. Имавме добра игра и остваривме добар резултат“, изјавува Модриќ.

Хрватска после две кола води во групата Ф со четири бода колку што има и Мароко. Белгија има три а Канада е без бодови. Во последното коло Хрватска ќе игра против Белгија, и ќе и треба најмалку еден бод за пласман во наредната фаза.