Модриќ се враќа во Премиер лигата следното лето?
И покрај годините, Лука Модриќ игра одлична сезона за Реал Мадрид. Тој лани го продолжи договорот за една година, па во јуни е слободен играч. Реал Мадрид има политика да им дава краткорочни договори на фудбалерите кои имаат повеќе од 30 години.
Модриќ оваа сезона игра одлично, постојано е стартер кај Карло Анчелоти, но преговите со Реал Мадрид за нов договор немаат прогрес.
Според информациите на „Супер Депорте“, раководството на Реал Мадрид стравува дека може да се повтори ситуацијата на Серхио Рамос, и Модриќ како него да си замине како слободен фудбалер на лето.
Се шпекулира дека Манчестер Сити сака да го ангажира Модриќ, Пеп Гвардиола сака да додаде искуство во средниот ред на тимот.
Модриќ сака да игра на Светското првенство со Хрватска, па неговата цел е и следната сезона да ја помине во клуб кој ќе игра на највисоко ниво.