Модриќ се сели во една од најсилните европски екипи?
Манчестер Сити ја следи ситуацијата околу договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид, јавуваат шпанските медиуми.
Според информациите, 36-годишниот капитен на хрватската репрезентација е голема желба на Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити. Модриќ има договор со Реал до крајот на оваа сезона и се уште не се започнати преговори за продолжување на истиот, па веќе во јануари како слободен играч може да потпише преддоговор со друг клуб.
Сити, тврдат медиумите, има план како да го доведе Модриќ. Би му понудиле сезона да игра во Манчестер Сити, а потоа опција да се пресели во МЛС.
Медиумите пишуваат дека „кралскиот“ клуб би можел да му понуди нов договор на хрватскиот фудбалер бидејќи се воодушевени од формата во која тој се наоѓа. Така, Модриќ би го исполнил својот сон и кариерата би ја завршил во клубот за кој настапува веќе девет години.