Можен крај на сезоната за Федерико Киеза

Големи се шансите дека фудбалската сезона за Федерико Киеза е завршена откако Јувентус објави дека нивниот напаѓач заработил повреда на лигаментите од левото колено за време на извонредната победа на неговит тим над Рома со 4:3.
Киеза го напушти теренот на стадионот Олимпико во Рим, за време на првото полувреме, а неговиот клуб во соопштението по крајот на натпреварот објави дека над 24-годишниот играч ќе мора да биде извршена операција на предните вкрстени лигаменти.
Од Јуве не соопштија колку долго Киеза ќе отсуствува од терените, но ако се знае колку сериозна е повредата на вкрстените лигаменти, медиумите во Италија веќе ја прогласија неговата сезона за завршена.