Моизе Кин доби нов договор во Фиорентина

Напаѓачот на Фиорентина, Моизе Кин, го продолжи договорот со „виолетовите“ до 2029 година, објави клубот во официјално соопштение.

Според „Скај Спорт“, неговата клаузула за откуп е зголемена од 52 на 62 милиони евра. Неговата плата исто така се зголемува и наместо претходните 2,2 милиони евра, неговата нова плата ќе биде во износ од 4 милиони евра.

„Моизе се приклучи на клубот на почетокот на сезоната 2024/25 и постигна 25 гола на 44 натпревари во сите натпреварувања во својата дебитантска сезона“, се вели во официјалното соопштение од „Ла Виола“.