Молдавски тајкун решен да го купи Милан
Mилан сезонава игра одлично, иако во последно време „росонерите“ малку паднаа во формата.
Сепак, и понатаму не може да се каже дека Скудетото им е недостижно. Ќе потсетиме, нивна главна цел пред почетокот на сезоната беше тимот на да се врати во Лигата на шампионите и тоа е речиси обезбедено.
Сега во италијанските медиуми се најавува дека тимот може да добие нов сопственик и тоа бизнисменот од Молдавија, Александар Јуцов. Адвокатскиот тим на Јуцов објави дека тие добиле дозвола да започнат преговори со Инвестициониот фонд „Елиот“ за превземање на клубот.
