Монако го прегази Олимпик Марсеј и го прескокна на табелата

Фудбалерите на Монако славеа убедлива победа во дербито над Олимпик Марсеј со 3-0 во рамките до 29. коло во француската Лига 1 со што го преземаа второто место на табелата.
Монако од почетокот беше подобар противник и тоа го искористи со голот на Минамино во 34. минута.
Во второто полувреме продолжи подобрата игра на клубот од Кнежеството и Емболи зголемина 2-0. Победата беше потврдена со голот на Закарија од пенал во завршницата.