Монако исфрлен од кошаркарската елита во Франција

Француската кошаркарска федерација ја одби жалбата на Монако, со што и официјално првакот е исфрлен од Лигата.
Федерацијата ја потврди одлуката на финансискиот надзорен орган на националната лига донесена на 3 јули, според која Монако е исклучен од првото и второто првенство во професионалната лига.
Клубот од Кнежевина сè уште има можност да ја продолжи правната битка. По одлуката на федерацијата, може да се жали до Францускиот национален олимписки и спортски комитет (CNOSF), а потоа и до Административниот суд.
Главната причина за санкцијата е тешката финансиска состојба. Монако се соочува со долг од околу 24 милиони евра. Во жалбената постапка, клубот тврдеше дека постои потенцијален инвеститор кој би можел да обезбеди стабилен буџет за следната сезона, поради што му беше даден дополнителен рок за поднесување на потребната документација.
Сепак, според објаснувањето на ФФББ, клубот не ги доставил бараните документи во предвидениот рок, па затоа претходната одлука за нивно исклучување од натпреварувањето беше потврдена.
Монако ја потврди одлуката на социјалните мрежи и објави дека разгледува нова жалба до CNOSF. Клубот, исто така, им се заблагодари на институциите на Кнежевството Монако и на сите оние кои ги поддржуваат напорите за финансиско реструктуирање.