Монако ја оживува кариерата на Пол Погба

Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус и Манчестер Јунајтед, Пол Погба, би можел да ја продолжи кариерата во францускиот клуб Монако, објави денес „Футмеркато“.

Според истите, Погба му бил понуден на клубот од Кнежевството од страна на менаџерите, а одговорот бил позитивен. Монако активно бара засилувања во средниот ред поради претстојните трансформации на тимот, а Погба со своето искуство би можел да им биде корисен, веруваат на стадионот „Луј Втори“.

Тој беше активно поврзуван со Олимпик Марсеј, но во моментов разговорите со овој клуб се во застој.

Погба кој е светски шампион во 2018 година со Франција, беше дисквалификуван поради кршење на антидопинг правилата четири години, но потоа, по жалбата и презентирањето на нови докази, казната беше намалена на 18 месеци.