Мондо Дуплантис првпат не победи по три години

Шведскиот атлетски супер-стар Арманд Дуплантис го претрпе првиот пораз во натпреварите во скок со стап од 2023 година, откако не успеа да победи пред домашната публика на собирот од Дијамантската лига во Стокхолм.

Актуелниот светски рекордер прескокна 5,80 метри, што е за 51 сантиметар помалку од неговиот најнов светски рекорд од 6,31 метри. Потоа Дуплантис не успеа да ја надмине височината од 6,00 метри во два обида, а потоа и 6,05 во третиот обид.

Победата ја однесе Австралиецот Кертис Маршал со скок од 5,90 метри.