Монпелје му врачи отказ на тренерот Дел Олио
Францускиот елитен клуб Монпелје го отпушти тренерот, Оливие Дел Олио, по седмиот сезонски пораз.
Клубот соопшти дека еден од помошните тренери, Ромен Пито, ќе биде времено главен на клупата до паузата за Светското првенство во Катар. Оливие Дал’Олио беше назначен за шеф на Монпелје во 2021 година на местото на Мишел дер Закаријан.
Монпелје во тековнава сезона во домашниот шампионат има само четири победи во 11 кола.