Монтела: Победивме благодарение на тимскиот дух
Селекторот на Турција, Винченцо Монтела беше воодушевен од победата на неговата репрезентација со 2-1 над Австрија во осминафиналето на ЕУРО 2024. Турција сега ќе се соочи со Холандија во битка за пласман во полуфиналето.
„Многу, многу важна победа. Тимскиот дух не водеше од првата до последната минута. Тоа за првпат го покажавме на гостувањето кај Хрватска во квалификациите“, изјави Монтела.
„Точно е дека нè погоди заморот. Многу сум среќен за играчите. На претходните натпревари имавме некои проблеми околу разбирањето на теренот, но денеска се беше совршено“, продолжи италијанскиот специјалист.
„Ова е историски резултат. Го повторивме подвигот од ЕП 2008 кога Турција повторно забележа три победи. Среќен сум за сите нас“, изјави Монтела.