Монфилс сензационално го освои турнирот во Оукленд
Гаел Монфис испиша историја на турнирот во Оукленд, стана најстариот шампион од 1990 година кога е основан АТП тур. Французинот со 38 години и четири месеци го собори рекордот на Роџер Федерер од Базел 2019 година, тогаш Швајцарецот триумфираше на возраст од 38 години и два месеци.
„Многу ми значи овој триумф“, рече Монфис по победата над Белгиецот Зизу Бергс со 6-3, 6-3 и дополни.
„Годините се само бројка. Продолжувам да работам, да верувам дека можам да играм квалитетен тенис и тоа го покажав оваа недела. Многу сум среќен“.
Еден од најхаризматичните тенисери сега има 13 трофеи во кариерата. Инаку првиот трофеј во кариерата, Монфис го освои во далечната 2005 година во Сопот, Полска.