Монца е можен нов клуб на Илија Несторовски

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски е трансфер мета на голем број клубови од Италија.
Претежно се работи за клубови кои се натпреваруваат во италијанската Серија Б.
Како можна нова дестинација на 31-годишниот Несторовски се споменува и екипата на Монца која е во сопственост на поранешниот газда на Милан, Силвио Берлускони.
Илија Несторовски во италијанскиот фудбал е од 2016 година, каде прво настапуваше за тимот на Палермо, а од 2019 е член на Удинезе.