Монца ја декласира Фиорентина, Валера повторно главна звезда

Фудбалерите на Монца приредија изненадување во 12. коло од италијанската Серија А, откако на домашен терен ја совладаа Фиорентина со убедливи 3-0.
Домашниот тим ја презеде контролата во финишот на првото полувреме. Густаво Варела беше сигурен од белата точка во 45. минута и донесе предност од 1-0 за Монца пред заминувањето на пауза.
Варела не застана тука, па веднаш на почетокот на второто полувреме повторно ја затресе мрежата на гостите и ја зголеми предноста на својот тим.
Фиорентина немаше одговор за расположениот домаќин, а во 59. минута Џеј Робинсон го зададе и последниот удар, со што ги постави конечните 3-0.
Со овој триумф Монца стигна до 10 бода и се искачи на 14. позиција на табелата, со што направи важен чекор за бегство од зоната за испаѓање.