Мората заминува од репрезентацијата по Европското првенство

Шпанскиот фудбалер Алваро Мората во пресрет на полуфиналето на Европското првенство даде изјава со која не криеше дека размислува за крај на репрезентативната кариера.
„Во фудбалот ништо не е невозможно, но понекогаш ми е тешко поради силните критики во Шпанија. Овој турнир сакам да го завршам на најдобар можен начин бидејќи ми е последен во дресот на репрезентацијата. Би можел да се простам по Европското првенство. Тоа можност, но не би сакал сега премногу да зборувам за тоа“, изјави Мората.