Мората се согласи да потпише за Комо

Тренерот на фудбалерите на Комо, Сеск Фабрегас, сака да го засили нападот со Алваро Мората кој треба да биде ангажиран на позајмица од екипата на Милан.
Според претседателот на клубот, Мирван Суваро, 32-годишниот напаѓач ги договорил личните услови со Комо.
Мората во еден период играше како позајмен играч во Галатасарај но, турскиот гигант не се определи да му го откупи договорот.