Морис Валинчиќ на радарот на неколку калчолигаши

Десниот бек на Динамо, Морис Валинчиќ, иако во моментов се опоравува од повреда, со настапите во првиот дел од сезоната го привлече вниманието на неколку италијански клубови. Според Џанлука Ди Марцио, за 23 годишниот фудбалер интерес покажуваат дури три екипи од Серија А.
Најконкретен е актуелниот шампион Наполи, кој веќе ги планира засилувањата за следната сезона и сака да ги забрза преговорите со Динамо со цел трансфер во јуни.
Освен клубот од Неапол, во трката се вклучени и Рома, предводена од Џанпјеро Гасперини, како и Интер, кој го следи Валинчиќ по повредата на Дензел Думфрис.
Валинчиќ оваа сезона има 14 настапи во сите натпреварувања и две асистенции, од кои една во Лига Европа. Динамо за него ѝ плати 1.35 милиони евра на Истра 1961, а моменталната вредност на фудбалерот се проценува на околу 2 милиони евра.