Моријасу доби нов договор како јапонски селектор

Селекторот на јапонската фудбалска репрезентација, Хаџиме Моријасу, ќе остане на функцијата до Светското првенство во 2026 година, потврдија челниците на федерацијата.
Неговата селекција имаше сензационални победи против Германија и Шпанија на Светското првенство во Катар и успеа да стигна до осминафиналето.
Моријасу ќе биде првиот селектор на „самураите“ што ќе се појави на два последователни Мундијала.