Морнар потврди дека ќе игра во АБА лигата
Црногорскиот кошаркарски клуб Морнар дефинитивно ќе настапува во АБА1 лигата и во наредната сезона, без оглед а проблемите со кои овој клуб ги има по апсењето на претседателот, кој воедно е и главен финансиер на Морнар.
Во кошаркарските кругови во регионот беше најавувано дека Црногорците би можеле да се откажат, по што најблиску до билет за АБА1 ќе беше македонскиот првак МЗТ Скопје.
Истите извори најавуваат дека утре ќе биде официјално претставен и играчкиот кадар на тимот од Бар, во кој ќе се најдат девет кошаркари од регионот и четири Американци.