Мота: Да го промениме спортот ако ова што го доби Милан е пенал

Милан повторно не победи во Серија А и ремизираше со Болоња на гостувањето на „Ренато Далара“, но резултатот 1-1 предизвика доста нервоза кај „росонерите“, кои бараа два пенали од судијата Маса.

Поранешниот италијански судија Лука Марели кој сега работи како експерт за „ДАЗН“ нагласи дека посебно евидентен бил првиот пенал кога Ребиќ беше соборен во шеснаесетникот при резултат 1-0, но тврдење го налути Тиаго Мота кој како тренер на Болоња испрати нервозна порака.

Поранешниот играч за врска се чуди на поплаките од играчите на Милан и заклучокот на Марели, бидејќи според него, нагазнувањето над Ребиќ било преминимално за да се досуди најстрога казна.