Мохамед Азис дебитираше со девет гола, Еурофарм Пелистер 2 до врв го „наполни“ Скопје 2020

Уште една убедлива победа на ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во Првата лига. На дебито на новото засилување, Тунижанецот Мохамед Азис, младите битолчани го совладаа тимот на Скопје 2020 со 32 гола разлика. Зарков им даде шанса на ракометарите кои играа помалку досега сезонава и сите ја искористија минутажата.
Леворакиот Гичев постигна единаесет, крилото Димовски десет, а Мохамед Азис беше стрелец на девет гола. Финалните 51-19 реално осликуваат колку голема е разликата меѓу двата тима.
Момците на Александар Зарков и натаму се без пораз во Првата лига и веќе следната недела можат математички да слават промоција во Суперлигата.