Моја: Надал трпи голема болка, неговата состојба не е добра

Рафаел Надал мораше предвреме да ја заврши оваа сезона, а причината за тоа е повредата, проблемот со стапалото.
„Бикот“ од Мајорка направи пауза по настапот на Ролан Гарос, го пропушти Вимблдон и Олимписките Игри во Токио за да се врати на АТП турнирот во Вашингтон каде не изгледаше баш најдобро и доживеа рана елиминација.
Потоа стана јасно дека нема да игра на Мастерсите во Торонто и Синсинати за да потоа биде соопштено дека ситуацијата е пресериозна и додека не се реши проблемот со стапалото Шпанецот нема повеќе да игра.
„Надал веќе некое време не е добро. Факт е дека болката на земја е помала, но на бетон ситуацијата е значително поинаква. Болката во секој случај е голема“, истакна тренерот Карлос Моја.