Моќно второ полувреме, втора победа на Македонија на „Жолтиот Куп“

Македонската сениорска ракометна репрезентација го забележа вториот триумф на „Жолтиот Куп“ во Винтертур и тоа против Украина која беше совладана со 31-26 (13-17).
Вчера нашиот национален тим беше подобар од Бахреин, додека вечерва го положи и потешкиот тест пред се со одлична игра во второто полувреме.
Украинците не надиграа во првиот дел и на пауза однесоа +4, но по одморот улогите се сменија, избраниците на Лазаров го кренаа нивото на двете страни на теренот, функционираше одбраната, функционираше и нападот и сетоа тоа придонесе да направиме пресврт и на крајот триумфираме со пет разлика.
Капитенот Кузмановски одново беше наш најдобар стрелец со седум погодоци.