Муарем Муарем е нов тренер на Работнички

Неколку дена по заминувањето на српскиот тренер Ален Тупајиќ, попладнево екипата на Работнички назначи ново тренерско решение. на клупата на „романтичарите“ доаѓа Муарем Муарем. Toj во поголем дел од есенскиот дел беше на клупата на Башкими.
37-годишниот тренер ќе има задача да го обезбеди опстанокот со Работнички, кој се наоѓа во незавидна ситуација по првиот дел од сезоната. За Работнички Муарем е веќе четвртиот тренер оваа сезона.