Мукоко поради повреда го пропушта дуелот со Челзи

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко, поради повреда ќе биде надвор од фудбалските терени околу шест недели, и ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампиони против Челзи.

Мукоко заработи повреда на лигаментот од коленото за време на првенствениот натпревар против Вердер кој се одигра во саботата.

18-годишниот германски фудбалер, оваа сезона за Дортмунд има постигнато шест гола и четири асистенции на досегашните 18 натпревари.

Борусија Дортмунд во осминафиналето од Лигата на шампионите, во среда го дочекува тимот на Челзи.