Мундијалска еуфорија во Англија – 11 милиони Англичани зедоа слободен ден од работа
Познат е фактот дека Англичаните се огромни љубители и познавачи на фудбалот. Колку тие се заљубени во оваа игра покажува и резултатот од спроведената анкета во Англија кој покажа дека на денот кога репрезентацијата го играше првиот дуел во Катар, дури 11 милиони Англичани зеле слободен ден од работа, годишен одмор или искористиле боледување, само за да можат да го следат преносот од натпреварот со Иран.
Интересен е фактот и дека голем дел од училиштата ја прекинаа наставата за учениците да го следат натпреварот со Иран кој Англија го доби со резултат 6:2.