Муратоглу: Новак може да игра на ова ниво и по 40-тата година

Патрик Муратоглу даде нови согледувања за Новак Ѓоковиќ. Муратоглу често на социјалните мрежи ги споделува своите ставови за тенисот, а овој пат коментира колку време Новак е на врвот.

Тој отиде дотаму што истакна дека Ѓоковиќ може да биде на врвот на светот дури и кога ќе влезе во својата петта деценија.

„Никогаш не сум видел 36-годишен играч во таква форма. Фактот што е толку фокусиран и сериозен го прави најдобар спортист на светот. Моето мислење е дека тој е најдобриот спортист во светот. Мислам дека тој може да игра на приближно ниво и по четириесеттата година. Не велам да, но мислам дека може. Секако, зависи од неговата мотивација и можните повреди, бидејќи секако секој може да се повреди“, рече Муратоглу.