Мурињо: Горд сум на моите фудбалери, ние не сме богат клуб и немаме милион играчи

Жозе Мурињо доживеа многу различни емоции во период од само 120 секунди во судиското продолжение, бидејќи неговата Рома најпрво постигна водечки гол во дербито со Милан, но потоа прими погодок во следната акција и натпреварот заврши 1-1.

„Ако зборувам само за перформансите од моите играчи, ќе кажам дека резултатот е нефер. Само ние може со вакви проблеми да одиграме вака против Милан. Со оглед потешкотиите кои ги имавме, само ние може да одиграме на ваков начин. Ние не сме богат тим, немаме голем состав и секојпат кога губиме еден играч, тоа е голем проблем за нас. Денеска загубивме многу играчи, но и покрај сите потешкотии, се боревме против овој Милан. Ако на крајот завршиме четврти на табелата, тоа ќе биде неверојатно. Нормално би било да сум тажен, но повеќе сум горд отколку што сум тажен“, изјави Мурињо.