Мурињо го коментираше отказот на Лампард
Менаџерот на Челзи, Френк Лампард доби отказ по една и пол година помината на клупата на Челзи.
Иако во неделата го совлада Лутон во ФА Купот, Лампард имаше исклучително лоша форма во Премиерлигата, каде оствари само една победа во последните пет кола.
Отказот на Лампард го коментираше тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо.
„Секогаш сум тажен кога колега ќе добие отказ. Френк не е само колега, тој е важна личност во мојата кариера и затоа сум тажен, но тоа е бруталноста на фудбалот, посебно модерниот фудбал. Кога ќе станете тренер, свесни сте дека тоа ќе се случи порано или подоцна.“ – вели Мурињо.
Тој со Френк Лампард како играч на Челзи, освои три титули во Премиерлигата.