Мурињо го сака Хојберг од Тотенхем
Жозе Мурињо минатото лето седна на клупата на Рома, но резултатите се под сите очекувања.
Сепак, раководството му верува на „Специјалниот“ и на лето ќе му даде буџет од 100 милиони евра за реконструкција на тимот.
Една од најголемите желби на Мурињо е играчот за врска на Тотенхем и дански репрезентативец Пјер Емил Хојберг.
„Специјалниот“ имаше одлична соработка со искусниот играч за врска додека беше менаџер на Тотенхем и затоа сака да го донесе во Рома. Конте е спремен да го пушти играчот, а Тотенхем за неговата слобода бара 25 милиони евра, сума која „волчицата“ е спремна да ја плати.