Мурињо доби суспензија од два натпревари по црвениот картон во Кремона
Жозе Мурињо доби два натпревари суспензија и парична казна од 10.000 евра поради испадот во натпреварот против Кремонезе.
Рома на дуелот со Кремонезе беше поразена со 2-1 и тоа беше прва победа за овој тим во првенството сезонава. Мурињо беше исклучен на почетокот на второто полувреме по расправија со четвртиот судија. Португалецот беше исклучително бесен на Марко Сера (четвртиот судија). По нивната расправија главниот судија го испрати Португалецот на трибините.
Мурињо по натпреварот тврдеше дека бил жестоко навреден како никогаш претходно на еден натпревар, но не откри што точно му кажал Сера. Најави Жозе и судска постапка, но секако суспензијата ќе мора да ја испочитува, секако и паричната казна.