Мурињо: Еден играч ја предаде екипата, мора да си оди во јануари
Жозе Мурињо потврди дека му рекол на еден од неговите играчи во Рома да го напушти клубот поради „непрофесионален однос“. Мурињо на една од своите најбрутални прес-конференции до сега го потврди она за што веќе пишуваат медиумите.
Мурињо не беше расположен синоќа откако неговиот тим одигра само 1-1 против Сасуоло во новото коло од Серија А. По последниот судиски свиреж, бесниот Мурињо не се воздржа во оценката за перформансите на неговата екипа. Всушност, 59-годишниот стретег рече дека еден неименуван играч ги „издал“ своите соиграчи со својот став пред да му каже на тој играч да го напушти клубот во јануари.
„Жал ми е што напорите на тимот беа предадени од ставот на еден непрофесионален играч. Непрофесионалниот однос не е фер кон неговите соиграчи, тоа е она што ме разочарува. Бод на гости се уште не е негативен резултат и јас сум среќен со генералниот однос на мојот тим“, вели „специјалниот“.