Мурињо жестоко казнет заради исклучувањето против Верона

Жозе Мурињо доби два натпревари суспензија и парична глоба од 20.000 евра поради навреди кон судијата Лука Паирето на дуелот против Верона.

Мурињо му порача на судијата Паирето, со контроверзен гест на телефонски повици: „Те пратија овде намерно, те испрати Јувентус“. Тоа е јасна асоцијација за аферата Калчополи, во која биле поврзани таткото на судијата, исто така делител на правдата Пјерлуиџи Паирето.

Помошникот на Жозе Мурињо, Луис Да Коста Нуно Сантош исто така доби два натпревари суспензија, додека пак фитнес тренерот Стефано Рапети доби еден натпревар суспензија и парична глоба од 5.000 евра.