Мурињо изненадувачки е именуван за нов тренер на Рома
Жозе Мурињо е нов тренер на Рома. Италијанскиот клуб потврди дека Мурињо ќе ја предводи „волчицата“ и ставил потпис на тригодишен договор.
Пауло Фонсека на крајот на сезоната заминува и тоа беше јасно, но доаѓањето на Мурињо е големо изненадување бидејќи неговото име воопшто не беше спомнато во медиумите.
Иако Маурицио Сари важеше како фаворит, сега повеќе нема дилеми, Жозе Мурињо е нов тренер на Рома.
Ова за него ќе биде враќање во Серија А откако во 2010 година постигна историски успех со Интер.
