Мурињо изненадувачки кандидат за клупата на ПСЖ

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе го преземе Пари Сен Жермен, ова го пренесува изданието „Footmercato“.

Според изворот, фудбалскиот советник на ПСЖ, Луис Кампос веќе разговарал со Мурињо за можноста португалскиот стручњак да се пресели на работа во парискиот тим. Забележано е дека на желбата на Мурињо да премине во ПСЖ може да влијае добриот однос со функционерот, како и тоа што поранешен помошник на Португалецот работи во стручниот штаб на парижаните.

Контактите меѓу ПСЖ и Рома за Мурињо се уште не се остварени, но трансферот на Португалецот во парискиот клуб е можен поради добрите односи меѓу сопствениците на тимовите. Договорот на тренерот со италијанскиот клуб е до 2024 година.