Мурињо изненадувачки кандидат за клупата на Челзи

Енцо Мареска во текот на вчерашниот ден доби отказ во Челси, а денеска се појави сензационална вест во која се пишува дека еден од кандидатите за наследник на Италијанецот е Жозе Мурињо.
Информациите говорат дека Мурињо е подготвен без многу двоумење да ја напушти клупата на Бенфика и да се врати во Лондон доколку пристигне официјална понуда.
„Жозе Мурињо сака да се врати на местото тренер на Челси и подготвен е да ја преземе таа улога доколку биде контактиран. За него Челси е вистинска љубов, но се чини дека тоа чувство не е заемно. Челси сака модерен тренер“, пренесуваат медиумите на Островот.
И покрај богатата историја и силните емоции, изгледа дека клупското раководство се насочува кон поинаков правец, па евентуалното враќање на Мурињо засега повеќе е во доменот на романтиката отколку на реалните планови.
Мурињо го водеше Челси во два наврати. Првпат пристигна во 2004 година и во соработка со Роман Абрамович го врати клубот на врвот на англискиот фудбал по половина век чекање, а замина во 2007 година. Вториот мандат го започна во 2013 и заврши во зимата 2015 по падот на резултатите. Во синиот дел од Лондон освои три титули во Премиер лигата, еден ФА Куп, три Лига купа и Комјунити Шилд.