Мурињо: Им завидувам на Клоп и Пеп

Манчестер Сити и Тотенхем денеска од 17.30 го играат дербито на 24. коло во Премиерлигата.
Водечкиот Сити ги доби последните 15 натпревари по ред во сите натпреварувања, а Спарси само еден од последните пет натпревари кои ги одиграа. Тотенхем е во доста лоша форма и падна на осмото место, па грчевито се бори за место кое води во европските натпреварувања.
Жозе Мурињо воочи денешниот натпревар го спореди Тотенхем со најголемите англиски клубови.
„Пеп и Јирген се двата најдобри тренери и во лигата и во светот. Водат клубови кои сакаат да освојат се, а да би освоиле, морате да ги имате најдобрите играчи на секоја позиција. Не е лесно да се состави добар тим, но кога Пеп ќе посака да потроши на дефанзивци, тогаш тоа и го прави. Клоп го доведе Ван Дајк, а потоа ниту тој не му беше доволен, па го купи и Алисон. Така оди тоа во клубовите со големи финансиски можности. Им завидувам.“ – изјави Мурињо, па продолжи:
„Кога доаѓав во Тотенхем, клубот беше доста отворен и искрен кон мене. Знаев дека доаѓам во различна средина. Тотенхем е голем клуб, тука нема сомнеж, но е клуб од различен профил кога е во прашање борба за титули. Ние не можеме да го решиме некој проблем со пишување на чек. Јас не се жалам. Давам се од себе, а клубот ми помага колку што можи.“
Мурињо годинава на нови играчи потроши 110, Сити 171, а Ливерпул 82 милиони евра.