Мурињо и Сари ја почнаа војната на зборови пред римското дерби
Жозе Мурињо и Маурицио Сари веќе некое време имаат нарушени
односи и се „пецкаат“ во јавноста, но последната изјава на тренерот
на Лацио предизвика навистина бурен одговор од Португалецот.
Лацио успеа да победи против Феенорд и имаше навистина
тежок предизвик во Лигата на шампионите, а Сари го привлече
вниманието со паралелата која ја направи за противниците на двата
римски тима.
Сари посочи дека пресметката на Рома против Славија Прага во Лига
Европа е како пријателски меч во споредба на нивото во Лигата на
шампионите, алудирајќи дека „волчицата“ ќе има подобра и полесна
подготовка за големото римско дерби кое се игра викендов.
Ваквиот став на Сари наиде на реакција од Мурињо, кој реагираше
доста жестоко и му испрати навистина доста „отровна стрела“ на
колегата.
„Ако некој треба да се навреди од коментарот на Сари, тоа е Славија
Прага, а не јас, или било кој друг од Рома. Тоа што го кажа е како да
кажа дека Славија не поседува никаков квалитет. За разлика од него,
јас секогаш го почитувам противникот. Најверојатно тоа е разликата
меѓу победнички тренер кој има 26 титули во кариеарата и меѓу некој што нема речиси ништо. Тоа е тој менталитет……. Секој меч е важен за мене, не постојат пријателски натпревари“, изјави Мурињо.